Рома одигра тактички совршен натпревар, го победи Лестер со 1-0 и со вкупни 2-1 се пласира во финалето на Конференциската лига, ова е прво европско финале за римската волчица по 31 година.
Клучниот момент се случи во 11. минута кога по еден центаршут од корнер на Пелегрини, Абрахам даде гол со глава за водство на Рома од 1-0, кое на крајот се покажа и како конечен резултат.
Рома во финалето ќе игра против Феенорд кој одигра 0-0 кај Марсеј. Во првиот дуел холандскиот тим победи на свој терен со 3-2.
Финалето на Конференциската лига се игра во Тирана.