Серија А

Рома го победи Лече, Дибала даде гол и се повреди (ВИДЕО)

Рома со 2-1 го победи Лече кој долго време во мечот играше со фудбалер помалку, Пауло Дибала даде гол од пенал, но при шутот заработи повреда. 

Рома дојде до планираните три бода, но не одигра некој убедлив натпревари, тимот на Мурињо доминираше во текот на целиот меч, но не успеа порано да го реши прашањето околу победникот.
 
Резултатот беше отворен уште во 6. минута кога по асистенција од Пелегрини, Смолинг погоди со глава за водство од 1-0.
 
Во 22. минута Лече остана со играч помалку откако капитенот Хјулманд поради остар старт врз Белоти заработи директен црвен картон.
 
Но и покрај тоа што беа со играч помалку, Лече на пет минути до крајот на првиот дел успеа да го израмни резултатот со гол на Стефеца.
 
По само три минути игра во вториот дел Рома го врати водството со гол од пенал на Дибала кој при шутот се повреди и го напушти теренот. Се работи за повреда на бутниот мускул.
 
До крајот на мечот се играше на половината на Лече, но Рома не успеа да постигне трет гол. Конечниот резултат беше 2-1.
 

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе