Серија А

Рома доживеа тежок пораз од Интер на Олимпико (ВИДЕО)

Интер со 3-0 ја победи Рома, Мурињо доживеа тежок пораз од својот поранешен клуб. 

Дербито меѓу Рома и Интер помина без никаква неизвесност, нероазурите одиграа многу подобро од својот противник и победија полесно од очекувањата.
 
Резултатот беше отворен во 15. минута кога Чалханоглу погоди директно од корнер, топката помина меѓу нозете на Руи Патрисио и заврши во неговата мрежа.
 
Девет минути подоцна асистенција на Чалханоглу до Џекој кој погоди против својот тим и не се радуваше. Интер поведе со 2-0.
 
Конечните 3-0 ги постави Думфрис со глава во 39. минута по асистенција од Бастони.
 
Во второто полувреме Интер ја контролираше играта, Рома јалово се обидуваше да се врати, но не успеа ниту да создаде посериозна шанса.
 
На крајот Интер заслужено се радуваше на убедливата победа.

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе