Разочарување за фудбалерот на Реал Мадрид

Родриго се налути затоа што го нема во албумот на Панини за СП

Офанзивниот фудбалер на Реал Мадрид, Родриго е лут на Панини затоа што е изоставен од албумот за Светското првенство во Катар.

Во албумот на Панини за Светското првенство од секоја репрезентација има по 18 фудбалери, па нормално е дел од играчите кои ќе одат на Мундијалот да бидат изоставени.

Бразил има конкуренција во офанзивата како никогаш досега, па Родриго е еден од фудбалерите кои не се ставени во албумот.

Тој не го прифати тоа најдобро, фрустрацијата што нема сликичка од него, јавно ја искажа.

„Кога играте во Реал Мадрид, шансите да одите на Светско првенство се поголеми. Знам дека уште морам да работам, но не кријам дека сум фрустриран што ме нема во албумот. Според мене, мора да бидам таму, не знам зошто ме нема“, вели Родриго.

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе