„Кралевите“ го меркаат и Египјанецот

Реал сака да направи страшен напад, нуди пари и услугите на Азар за да го купи Салах

Медиумите од Англија пренесуваат дека Реал Мадрид ќе се обиде да го ангажира Мохамед Салах, „кралевите" на Ливерпул ќе му го понудат Еден Азар плус одредена сума на пари.

Мохамед Салах игра во извонредна форма, според Јирген Клоп, во моментов нема подобар фудбалер од Египјанецот, но и покрај тоа, Ливерпул одбива да му ги исполни барањата на напаѓачот за неделна плата од 500.000 фунти.

Ова остава простор за трансфер на Мохамед Салах и според пишувањата на Сан, Реал Мадрид подготвува понуда. Се очекува „кралевите“ да го донесат Килијан Мбапе, но очигледно Флорентино Перез сака да направи страшен напад, па еподготвен на маса да го стави Еден Азар плус одредена сума на пари за да дојде до услугите на напаѓачот на Ливерпул.

Еден Азар во 2019 беше купен за 100 милиони евра, плус додатни 50 милиони во бонуси, но фудбалерот од Белгија имаше драстичен пад во формата по преселбата во Мадрид, па неговата вредност сега е далеку помала.

Останува да се види дали „црвените“ ќе бидат заинтересирани за една ваква зделка, особено што Еден Азар е 18 месеци постар од Мохамад Салах.

Радован Павловски (1935, Ниш, Србија) е водечко име на третатта генерација македонски писатели, која во нашата литература се појави во шеесеттите години на минатото столетие и внесе нов творечки дух со препознатлив национален белег.

повеќе

Во јавните високообразовни институции, научноистражувачката дејност е целосно маргинализирана под неопходниот минимум.

 

повеќе

Го потсетувам претседателот на државата дека уставниот рок за создавање на парламентарно мнозинство е 20 дена, а веќе 30 дена Владата нема парламентарно мнозинство.

повеќе