Бразилецот е клучна алка од средниот ред

Реал потроши 150 милиони за Камавинга и Чуамени но Анчелоти е загрижен: Никој не може да го замени Касемиро!

Медиумите од Шпанија пренесуваат дека Карло Анчелоти е загрижен од најавите за трансфер на Касемиро во Манчестер јунајтед, верува дека Бразилецот не може да биде заменет, барем не на краток рок.

Касемиро е пред трансфер на Олд Трафорд, голем број на извори пренесуваат дека само прашање на време е кога ќе пристигна официјалната потврда.

Како што пишуваат медиумите од Шпанија, Карло Анчелоти е загрижен од најавите за трансфер на Бразилецот.

Тренерот на Реал Мадрид смета дека Касемиро е клучна алка од средниот ред и не може да биде заменет, барем не на краток рок.

„Анчелоти верува дека Касемиро е незаменил на краток рок“ – пренесува новинарот Еду Агире.

Реал Мадрид изминативе две години потроши 150 милиони евра за ангажман на Едуардо Камавинга и Орелиен Чуамени, но очигледно Карло Анчелоти смета дека младите Французи се уште не се на нивото на Касемиро.

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе