Новото чудо од дете е пред трансфер во Европа

Реал плаќа 70+ милиони за 16 годишниот Ендрик, дали „кралевите“ се откажуваат од Халанд?

Неколку извори пренесуваат дека Реал Мадрид е многу блиску до договор за трансфер на Ендрик од Палмеирас, се говори за зделка вредна преку 60 милиони евра.

16 годишниот Ендрик е новото чудо од дете, најголемите клубови од Европа нема да штедат за да го ангажираат и последните информации велат дека Реал Мадрид е многу блиску до трансфер на напаѓачот.

Новинарот Фабрицио Романо објави дека е подадена рака за зделка вредна повеќе од 70 милиони евра, постигната е согласност и за личните услови на момчето, па сега се пеглаат деталите и се подготвуваат договорите.

Ендрик ќе остане во Палмеирас на позајмица и ќе се пресели на „Бернабеу“ летото во 2024, кога ќе наполни 18 години.

Претходно се пишуваше дека еден од условите кои ги поствил Ендрик е да не биде во ист клуб со Ерлинг Халанд, Бразилецот сметал дека неговиот прогрес ќе биде значително забавен доколку треба да се натпреварува со Норвежанецот за место во форот.

Ерлинг Халанд има откупна клаузула која се активира летото во 2024, претходно се пишуваше дека таа клаузула е особено поволна за Реал Мадрид и дека „кралевите“ размислуваат да ја активираат, па останува да се види дали ангажманот на Ендрик ќе значи откажување од Норвежанецот.

Деновиве адвокатот Тортевски во дебатна емисија рече дека немаме критична маса за држава. Не знам дали е така, но изгледа немаме критична маса за сериозни дебати и дијалози во општеството. 

повеќе

Светска банка проценува дека за секој долар инвестиран во здравството, државата има бенефит од 4 долари во смисла на зголемена економска продуктивност.

повеќе

Провокација е именувањето на бугарските клубови „Борис III“ и „Ванчо Михајлов“. Не можеа ли да бидат со имињата Елин Пелин, Димчо Дебељанов, Черноризец Храбар или Иван Вазов?

повеќе