Французинот бил изненаден од барањето на „кралевите“

Реал му нуди богатство на Мбапе но едно правило на Перез го кочи трансферот

Според пишувањата на Ел Паис, Реал Мадрид на Килијан Мбапе му понудил бонус за потпис од 180 милиони евра како и годишна нето плата од 40 милиони евра, но правилото на Флорентино Перез за трансфер на 50% од имиџ правата ја кочи зделката.

Килијан Мбапе ги одработува последните месеци од договорот со ПСЖ, „светците“ му ветуваат брда и долини за да остане барем уште една година. Многумина сметаат дека овие обиди се залуди и напаѓачот ќе ја продолжи кариерата во Реал Мадрид.

Според пушувањата на Ел Паиз, „кралевите“ на маса ставиле 180 милиони евра како бонус за потпис, како и годишна нето плата од 40 милиони евра.

Но зделката ја кочи едно правило на Флорентино Перез, кој откако дојде на чело на клубот во 2000 година, бара играчите да префрлат 50% од имиџ правата на клубот.

Адвокатите на Килијан Мбапе и неговото семејство се изненадени од ваквото барања со оглед на тоа дека се водат преговори една година, а до сега никој не им спомнал ништо за ова.

Французинот е магнет за спонзори, има огромна заработка, се верува дека таа во моментов изнесува 40 милиони евра годишно, и очекувањата се дека во иднина ќе порасне и на 70 милиони евра.

Ел Паис додава дека имиџ правата се „новиот момент“ за кој зборуваше Килијан Мбапе минатиот месец, и токму ова барање на Флорентино Перез го вратила во игра ПСЖ, кој нуди неверојатни суми за да го задржи напаѓачот.

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе

Потписниците на нотарските изјави дека нема да гласаат за измените на Уставот се подложни на промени за материјално благо.

 

повеќе

Здруженост, сплотеност и поврзаност на луѓе, друштва, организации и институции кон една заедничка цел или поради заедничка причина. 

повеќе