Ла Лига

Реал Мадрид со пресврт во второто полувреме до три бода, прекрасен гол на Алаба (ВИДЕО)

Реал Мадрид со 2-1 славеше на гостувањето кај Алмерија, актуелниот шампион се испоти за да ја оствари целта и да дојде до трите бода кај новиот учесник во Ла Лига. 

Иако победата беше обезбедена со пресврт во второто полувреме, Реал Мадрид заслужи да дојде до неа бидејќи имаше многу повеќе шанси од Алмерија.
 
Домаќините поведоа уште во шестата минута од мечот со гол на Рамазани и долго време ја одржуваа предноста.
 
 
Реал Мадрид успеа да изедначи во 61. минута кога една топка дојде до Лукас Васкез, а тој ја смести во мрежата на противникот.
 
 
Интересно беше во 75. минута, Реал Мадрид доби слободен удар, Алаба во тој момент влезе во игра и го изведе прекинот, со прекрасен удар постигна гол за водство и победа од 2-1. Тоа беше првиот допир на Алаба на топката на мечот.
 

На 6 октомври 1946 година почна носењето на моштите на Гоце Делчев од Софија во Скопје, столицата на слободна Македонија.

повеќе

Постои нужна потреба од прилагодување на студиските програми, соодветните силабуси и наставниот курикулум на реалната потреба на пазарот на труд во државата.

повеќе

Во текот на оваа и претходната година, инфлацијата ја задуши македонската економија. 

повеќе