„Кралевите“ ги менуваат трансфер плановите

Реал Мадрид ќе го заборава Мбапе со Рафаел Леао и нуди рекордна сума

Според пишувањата на Газета дело Спорт, Реал Мадрид се приклучува во трката за Рафаел Леао откако доби корпа од Килијан Мбапе, „кралевите" се подготвени да платат 120 милиони евра за услугите на Португалецот.

Реал Мадрид треба да крои нови трансфер планови откако Килијан Мбапе реши да остане во ПСЖ и стави потпис на нов договор до 2025 година.

Според денешното издание на Газета дело Спорт, „кралевите“ се приклучуваат во трката за потписот на Рафаел Леао, кој со одличните партии го привлече интересот на ПСЖ и Манчестер јунајтед.

Реал Мадрид ќе ја стави одлучноста на Милан на тест со понуда од 120 милиони евра. Една ваква зделка ќе биде рекордна продажба во Серија А, како и рекорден трансфер на „кралевите“.

Се говори дека во договорот на Португалецот има откупна клаузула од 150 милиони евра.

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе