Италијанскиот стратег соопшти

Реал Мадрид ќе биде последниот клуб на Анчелоти

Италијанскиот стратег, Карло Анчелоти вели дека веројатно ќе се пензионира откако ќе го заврши престојот во Реал Мадрид. 

Анчелоти стана првиот тренер кој ги освоил првенствата во најдобрите пет лиги. Ова му е втор престој во Реал Мадрид, во првиот ја освои Лигата на шампионите, а сега Ла Лига.
 
Тој е подготвен уште долго да седи на клупата на Реал Мадрид ако за тоа интерес има и од клубот, но вели дека потоа веројатно би се пензионирал.
 
„По ова поглавје во Реал Мадрид, веројатно ќе се пензионирам. Но ако Реал сака да останам тука десет години, ќе останам тука уште десет години“, вели Анчелоти.
 
Тој сепак не ја исклучува можноста да се проба и како селектор.
 
„Национален тим може да биде опција за во иднина. Канада? Зошто да не? Би сакал“.

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе