Ла Лига

Реал Мадрид киксна на Бернабеу, одигра без голови против Осасуна (ВИДЕО)

Реал Мадрид ги разочара своите навивачи откако одигра без голови против Осасуна на свој терен, битката за врвот во Примера е крајно неизвесна. 

Тимот на Анчелоти доминираше на теренот во сите 90 минути, но Осасуна ја играше својата тактика и не им дозволуваше да создаваат многу шанси за гол.
 
Карим Бензема беше блиску до убав погодок но ја погоди пречката, претходно и фудбалерите на Осасуна имаа статива.
 
Во финишот кралскиот клуб со сите сили се обидуваше да дојде до погодок, но не го најде патот до мрежата, мечот заврши 0-0.
 
Интересно е на табелата во Ла Лига, на врвот дури четири екипи имаат ист број на бодови, по 21. Реал Мадрид, Севиља, Бетис и Реал Сосиедад се изедначени, од нив само Бетис има 11 одиграни меча, другите три по 10.

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе

Наспроти сесловенскиот и општоевропскиот карактер на нивната дејност, Кирил и Методиј станале објект на присвојувања уште од средниот век.

повеќе

За пишувањата на Хари Костов за проблемите на државата – ако компетентен човек зборува за нефункционирањето на правната држава, кое има директен одраз врз економијата, не може тоа да се заврши со охридскиот уличен жаргон.

повеќе