Реал Мадрид

Реал Мадрид и Фиорентина преговараа за позајмица, а се договорија за перманентен трансфер на Јовиќ

Според „Скај Спорт Италија“, напаѓачот на Реал Мадрид, Лука Јовиќ во текот на оваа недела ќе потпише перманентен договор со Фиорентина откако двете страни пронашле формула за договор.

Фиорентина и Реал Мадрид долго време преговараа за позајмица на Јовиќ, но на крајот преговорите отидоа во друга насока и решено е тој да биде целосно откупен од виолетовите.

Реал Мадрид го дава Лука Јовиќ бесплатно, но ќе има 50 проценти од следната продажба на српскиот фудбалер.

Тој ќе потпише двегодишен договор, со трајност до 2024 за плата од 2,5 милиони евра годишно. Но во договорот има опција за продолжување на уште две години со двојно поголема плата, 5 милиони евра.

Според Џанлука Ди Марцио, Јовиќ на 9. јули ќе пристигне во Фиренца да го комплетира трансферот.

Постои нужна потреба од прилагодување на студиските програми, соодветните силабуси и наставниот курикулум на реалната потреба на пазарот на труд во државата.

повеќе

Во текот на оваа и претходната година, инфлацијата ја задуши македонската економија. 

повеќе

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе