Според италијанските медиуми

Реал Мадрид и Барселона го следат Елмас

Двата гола на Елиф Елмас не останаа незабележани, бројни големи клубови го следат македонскиот дијамант, а меѓу нив се и Реал Мадрид и Барселона.

„Тутомеркатовеб“ тврди дека Елмас веќе некое време го следат дел од најголемите клубови кои праѓаат и скаути во Неапол за да го пратат нашиот фудбалер.

Еден од клубовите е Реал Мадрид. Токму Карло Анчелоти беше на клупата на Наполи кога Елмас пристигна во италијанскиот клуб, па стратегот многу добро ги познава квалитетите на Елиф.

Покрај Реал Мадрид, интерес за Елмас има и од Барселона особено откако Чави стана тренер на шпанскиот тим.

Клубовите кои го следат Елмас синоќа имаа што да видат, тој со два гола даде огромен допринос во победата на Македонија од 3-1 над Исланд која значеше пласман во бараж за СП. 

Зголемувањето на цените на храната се случува од причини кои се многу посложени отколку зголемувањето на другите цени, така што справувањето со тие причини бара различни стратегии. 

повеќе

Оние кои што најмногу сакаат карикатури засновани на црн хумор, имале највисоки мерки на вербалните и невербалните тестови на интелигенција, односно потребна е извесна интелигенција, добро расположение и смиреност да се препознае и ужива во црниот хумор, покажуваат истражувањата.

повеќе

Засега нема причина за паника, но треба внимателно да му пристапиме на наративот дека омикрон предизвикува лесна форма на КОВИД-19 која побрзо ќе доведе до крај на пандемијата.

повеќе