Суперкуп

Реал Мадрид го победи Ајнтрахт и по петти пат го крена трофејот во Суперкупот на Европа (ВИДЕО)

Реал Мадрид со 2-0 го победи Ајнтрахт Франкфурт на стадионот во Хелсинки и го освои европскиот Суперкуп, петти по ред со што се изедначи со Барселона и Милан. 

Реал Мадрид влезе како голем фаворит во дуелот со Анјтрахт од Суперкупот и таквата улога ја оправда и на теренот.
 
Анчелоти натпреварот го почна со истите фудбалери со кои ја освои и Лигата на шампионите, а подоцна во мечот им даде шанса и на новите засилувања.
 
Реал Мадрид доминираше во најголем дел од натпреварот иако и Ајнтрахт имаше свои шанси за погодок кои не ги искористи.
 
Резултатот беше отворен во 37. минута кога Касемиро со глава асистираше до Алаба, а тој ја погоди празната мрежа постигнувајќи го можеби најлесниот гол во својата кариера. Реал Мадрид поведе со 1-0.
 
 
Кралскиот клуб ја контролираше играта, немаше големи проблеми, а во 65. минута го зголеми водството на 2-0 и ги реши сите дилеми. Тогаш по асистенција од Винисиус, Бензема постигна гол за 2-0, што беше и конечен резултат.
 
 
Со овој гол Бензема стана вториот најдобар стрелец во историјата на Реал Мадрид поминувајќи го Раул.
 
Реал Мадрид го освои првиот трофеј оваа сезона од можните шест кои ги има пред себе.

На 6 октомври 1946 година почна носењето на моштите на Гоце Делчев од Софија во Скопје, столицата на слободна Македонија.

повеќе

Постои нужна потреба од прилагодување на студиските програми, соодветните силабуси и наставниот курикулум на реалната потреба на пазарот на труд во државата.

повеќе

Во текот на оваа и претходната година, инфлацијата ја задуши македонската економија. 

повеќе