„Кралевите“ ги лечат раните по неуспехот со Мбапе

Реал ја доби битката за потписот на талентот на Монако во трансфер од 80 милиони евра

Според пишувањата на Радио Монте Карло, младиот Орелиен Чуамени од Монако се сели во Реал Мадрид во трансфер вреден 80 милиони евра плус бонуси.

22 годишниот Орелиен Чуамени важи за еден од најперспективните играчи во Франција и Европа, со своите добри партии во дресот на Монако го привлече вниманиеот на неколку клубови како Реал Мадрид, Ливерпул, Јувентус и Челси.

Според информациите на Радио Монте Карло, фудбалерот од средниот ред решил кариерата да ја продолжи во престолнината на Шпанија и договорил петгодишна соработка со Реал.

„Кралевите“ за услугите на Орелиен Чуамени ќе платат 80 милиони евра, плус бонуси.

Ние сме земја што први во Европа имаме стратегија за интеркултурализам.

повеќе

Францускиот предлог претставува директно рушење на основните темели на ЕУ.

повеќе

Од мали нозе ги заобиколуваме правилата на игра, па не е ни чудо што потоа се сопнуваме кога ќе истрчаме на терен.

повеќе