Без Зинедин Зидан на клупата, „кралевите“ лесно го победоа Алавес. Французинот поради ковид-19 не можеше да седи на клупата, но неговото утсуство не се почувствува, Реал Мадрид славеше со убедливи 1-4.
Касемиро погоди со глава по еден прекин за 0-1 во 15. минута, Бензема постигна атрактивнен гол од врвот на шеснаесетникот за 0-2 во 41. минута, а пред самиот крај на првиот дел, Азар се најде осамен пред голманот на Алавес и го матираше за 0-3.
По еден час игра, Хоселу намали на 1-3, но тоа беше се што направија домаќините. Бензема со својот втор гол во 70. минута ги потврди трите бода.