„Специјалниот“ знаел што да му каже на Аргентинецот

Разговорот со кој Мурињо го убедил Дибала да потпишe за Рома

Газета дело Спорт пишува дека генералниот извршен директор на Интер, Бепе Марота го замолил Пауло Дибала да почека неколку дена, но Жозе Мурињо разговарал со Аргентинецот и го убедил да потпише за Рома.

Интер со месеци се посочуваше како прв фаворит за потписот на Пауло Дибала, но „нероаѕурите“ приоритет му дадоа на Ромелу Лукаку и мораа да се ослободат од неколку играчи пред да тргнат по потписот на Аргентинецот.

Тоа отвори простор други клубови да достават понуди и Пауло Дибала сега е пред потпис со Рома.

Како што пренесува Газета дело Спорт, Интер до последен момент правел напори и генералниот извршен директор Бепе Марота побарал од Пауло Дибала да почека неколку дена.

Сепак, Аргентинецот донел одлука откако разговарал со Жозе Мурињо, Португалецот успеал да го убеди Пауло Дибала дека преселба во Рим е правиот потег.

Ла Република открива детали од разговорот, „специјалниот му порачал на напаѓачот: „Дали сакаш да знаеш зошто доаѓаш тука? Доаѓаш да победуваш. Доаѓаш да ја освоиш Лига Европа и Купот на Италија, верувам дека имаме шанси за овие трофеи“.

„Не знам дали можеме до Скудетото, но со тебе во тимот, сè е можно!“

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе