Премиерлига

Рангник со победа дебитираше на кормилото на Манчестер јунајтед (ВИДЕО)

Манчестер јунајтед со минимални 1-0 го победи Кристал Палас во дебито на Ралф Рангник, Тотнем со убедливи 3-0 славеше над Норич. 

Манчестер јунајтед се мачеше во првиот меч под водство на Рангник но успеа да ги освои трите бода.
 
Отпорот на Кристал Палас беше скршен дури во 77. минута кога Фред постигна гол за 1-0, што беше и конечен резултат.

Тотнем полека го фаќа победничкиот ритам под водство на Конте, денеска го совладаа Норич со 3-0.
 
Лукас Мура погоди во првото полувреме, Санчез и Сон реализираа во вториот дел.

Мечот меѓу Лидс и Брентфорд заврши нерешено 2-2.

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе