Еден од најдобрите играчи во Германија не бил на радарот на„ѓаволите“

Рангник се чудел кога скаутите на Манчестер јунајтед го известиле дека не го следат Нкунку

Ралф Рангник во јануари побарал од скаутите на Манчестер јунајтед да ги види извештаите за игрите на Кристофер Нкунку од РБ Лајпциг, но останал зачуден кога му било кажано дека не го следат Французинот.

Ралф Рангник на привремена основа го превзеде кормилото на „ѓаволите“ во ноември, Германецот ќе се повлече од оваа функција по крајот на сезоната, но ќе остане дел од клубот и ќе има улога на советник.

Новинарот на ЕСПН, Марк Огден открива дека кратко по пристигнувањето на Олд Трафорд, Ралф Рангник од скаутите на клубот побарал да ги види извештаите за Кристофер Нкунку. Сепак тој останал зачуден откако му било кажано дека фудбалерот на РБ Лајпциг не е следен и никогаш не бил на нивниот радор.

Германецот потоа им објаснил дека тоа е голема грешка бидејќи Кристофер Нкунку е еден од најдобрите млади играчи во Германија, дека наскоро ќе биде повикан за сениорскиот тим на Франција и дека постигнува многу голови иако игра во средниот ред.

Ралф Рангник сметал дека се работи за фудбалер за кoj секој морал да знае барем нешто.

Кристофер Нкунку има одлична сезона во дресот на РБ Лајпциг со 28 погодици и 18 асистенции на 42 натпревари во сите конкуренции.

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе