Германецот е подготвен да се адаптира на ЦР7

Рангник пред пет години велеше дека Роналдо е стар, денес со друга песна: Не сум видел таков играч...

Ралф Рагник вели дека не видел поспремен фудбалер од Кристијано Роналдо и додава дека е подготвен да ја адаптира својата идеја за фудбал за да го извади најдоброто од Португалецот.

Новиот тренер на Манчестер јунајтед, пред пет години изјави дека Кристијано Роналдо е стар, па изминатиов период иамше многу стории дека ЦР7 нема да се вклопи во системот на Германецот.

Сепак на денешната прес конференција, Ралф Рангник изјави дека е подготвен да се адаптира за да го извади најдоброто од Португалецот.

„Треба да го адаптирате вашиот стил или идеја за фудбал на играчите кои ги имате на располагање“ – вели Рангник.

„Она што го видов вчера од Роналдо во второто полувреме, на 36 години, тој е неверојатен, топ прoфeсионалец. На негови години, не сум видел поспремен фудбалер“.

„И понатаму лесно прави разлика“.

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе

Нема простор за двоумење и губење време, затоа Македонија и Бугарија треба да соработуваат што е можно поскоро за да најдат јасен јазик за разбирање, во процес кој би бил следен од ЕУ, Вашингтон и ОН.

повеќе