Ралф Рангник на привремена основа го наследи Оле Гунар Солшер на кормилото, потоа требаше да остане во клубот како советник, но авантурата заврши неслевно.
Во разговор со Билд, Германецот сега открива дека предложил неколку имиња, помеѓу кои и Ерлинг Халанд, кој изминатово лето се пресели во Манчестер Сити и веќе има 17 погодоци во Премиерлигата.
„Немаше досие, клубот никогаш не побара нешто такво. Но на сите им беше јасно дека се потребни играчи на неколку позиции“ – вели Рангник.
„Дискутиравме за играчи како Јошко Гвардиол и Кристофер Нкунку од РБ Лајпциг, овие имиња беа реални трансфер цели“.
„Разговаравме и за Алваро Мората, Луис Диаз, Душан Влаховиќ и за Ерлинг Халанд, кој тогаш се уште беше на трансфер пазарот“.
„Но клубот одлучи дека ќе прави реконстукција на тимот кога ќе биде поставен новиот тренер“.
Ерик тен Хаг во мај беше потврден за нов предводник на Манчестер јунајтед, Холанѓанецот на Олд Трафорд ги донесе Антони, Касемиро, Кристијан Ериксен, Лисандро Мартинез и Тајлер Маласија.