Англичанецот заминува од Манчестер јунајтед

Рангник откри дека повеќе од еден час го убедувал Керик да остане

Новиот тренер на Манчестер јунајтед, Ралф Рангник открива дека повеќе од еден час се обидувал да го убеди Мајкл Керик да остане, но Англичанецот бил решен да замине од Олд Трафорд.

По синоќешната победата над Арсенал, Мајкл Керик соопшти дека заминува од Манчестер јунајтед и нема да биде дел од тренерскиот персонал на Ралф Рангник.

Новиот предводник на „ѓаволите“ денеска се појави пред новинарите и откри дека за одлуката на Мајкл Керик дознал пред два дена, се обидал да го убеди да остане, но не успеал да го предомисли.

„Пред два дена дознав за ова (заминувањето на Кари). Имавме приватен разговор, дискутиравме повеќе од еден час“ – вели Ралф Рангник.

„Се обидов да го убедам да остане, но ми беше јасно дека веќе донел одлука, дека му е потребен одмор и на крајот морав да ја прифатам неговата одлука“.

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе