Рафиња беше првото големо засилување за Барселона ова лето, „каталонците“ платија преку 60 милиони евра за неговите услуги.
Во интервју за Кадена Сер, Бразилецот откри дека не е задоволен од улогата во тимот и побарал од Чави да го игра како десно крило.
„Разговарав со Чави, му кажав дека не треба да ме игра како лево крило. Сакам да му помагам на тимот, и по левата страна, не можам да помагам многу. Немам ништо против тоа да се борам со Осман Дембеле за десното крило. Немам ништо против тоа да имам конкуренција за место во тимот, едноставно сакам да се борам за место каде што се чувствувам комфорно и каде можам да бидам од помош на тимот“ - вели Рафиња.
„Џабе играм како лево крило, не можам да дадам голем придонес на таа позиција...“