Барселона ќе остане на врвот на табелата до јануари откако вечерва со играч помалку успеа да направи пресврт на гостувањето кај Осасуна и да слави со 1-2.
Домаќините одлично го отворија натпреварот и поведоа со 1-0 со голот на Гарсија во 6. минута.
Левандовски потоа направи глупост и по половина час игра со лакт го удри противникот за втор жолт картон и исклучување.
Но избраниците на Чави не се предадоа, Педри изедначи на 1-1 на старот на вториот дел, за Рафиња да донесе славје на пет минути пред крајот.
Бразилецот биеше мајсторски со глава од 16 метри и успеа да го лобува голманот за 1-2 и голема радост.