КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЛЕ, ЖДРЕПКА

Работнички, Шкендија и Пелистер ги дознаа противниците за квалификациите од Лига Европа

Работнички помина најдобро, ќе игра против Тре Пене од Сан Марино, Шкендија ја доби Дачија од Молдавија, а најтежок противник му се падна на Пелистер кој ќе ги одмери силите со Лех Познан од Полска.

Работнички бидејќи беше сместен во групата на носители помина и најлесно во денешната ждрепка за квалификациите од Лигата на Европа, за противник го доби Тре Пене од Сан Марино.
 
Шкендија за противник го доби тимор на Дачија Чисинау од Молдавија, а најтешко помина Пелистер кој ќе игра против полскиот Лех Познан.
 
Работнички е домаќин во првиот натпревар, додека Шкендија и Пелистер реваншите ќе ги играат на свој терен.
 
Работнички - Тре Пене (Сан Марино)
Дачија Чисинау (Молдавија) - Шкендија
Лех Познан (Полска) - Пелистер
 
Првите натпревари се играат на 13 јули, реваншите се седум дена подоцна.

Дали Борисов ќе го негира својот претходник, поранешниот премиер, генерал Рачо Петров и ќе продолжи да инсистира на заедничка историја која официјална Бугарија упорно настојува да ни ја подметне.

повеќе

Не треба да паднеме во замката која не втурнува во спиралата на континуирано себепоништување.

повеќе

Инвестицијата за изградба на автопатиштата Штип-Миладиновци и Кичево-Охрид повеќе личи на наш подарок за Кинезите, отколку на вистинска инвестиција.

повеќе