Барса го жртвува Холанѓанецот

Работата е 95% завршена: Френки де Јонг се сели во Манчестер јунајтед за 70-80 милиони?!

Новинарот Жерард Ромеро пренесе дека Френки де Јонг се сели во Манчестер јунајтед во трансфер вреден 70-80 милиони евра, наводно работата е 95% завршена.

Френки де Јонг е еден од играчите кои Барса би можела да ги жртвува летоска со цел да прибере пари со кои ќе го засили тимот.

Како што пренесува новинарот Жерард Ромеро, Френки де Јонг се сeли во Манчестер јунајтед. Трансферот ќе биде вреден помеѓу 70 и 80 милиони евра и наводно работата е 95% завршена.

Новинарот Фрабцио Романо пак пишува дека се остварени контакти со Манчестер јунајтед, но нема конечен договор. Тој додава дека фудбалерот сака да игра во Лигата на шампиони, но новиот тренер Ерик тен Хаг силно притиска.

За иднината на Холанѓанецот информации сподели и новинарот Матео Морето кој вели дека Френки де Јонг сака да остане на Камп Ноу и е вознемирен што често се шпекулира за негов трансфер. Тој исто така додава дека Манчестер јунајтед, Манчестер Сити, ПСЖ и Баерн Минхен внимателно ја следат ситуацијата а Барса ќе се реши на трансфер само доколку добие богата понуда.

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе