Покетино стави потпис на договор до 2022 година, очигледно ПСЖ не сака да се обврзува долгорочно со тренерот за при евентуален ран отказ да плаќа високо обесштетување.
„ПСЖ со задоволство може да соопшти дека го назначи Маурисио Покетино за нов главен тренер. Аргентинецот потпиша договор до 30 јуни 2022 година со опција за уште една дополнителна година“, се вели во соопштението на ПСЖ.
Ова е враќање на Покетино во ПСЖ, тој и како фудбалер го носеше дресот на парискиот клуб, настапуваше како централен дефанзивец од 2001 до 2003 година, а беше и капитен.
„Навистина сум среќен и почестен што станав тренер на ПСЖ. Би сакал да му се заблагодарам на раководството на клубот за довербата која ја имаат во мене. Како што знаете овој клуб секогаш имал посебно место во моето срце. Имам прекрасни спомени од тука, особено од посебната атмосфера на Паркот на принцовите. Овој тим има фантастичен потенцијал и јас и мојот стручен штаб ќе се обидеме да го извадиме најдоброто од тимот во сите натпреварувања. Исто така ќе се обидеме да играме напаѓачки фудбал што е идентитетот на ПСЖ и фановите отсекогаш го сакале тоа“, вели Покетино.