„Светците“ не се откажуваат од напаѓачот

ПСЖ му нуди на Мбапе неверојатни 150 милиони евра за две години

Новинарот Гиљем Балаге вели дека Килијан Мбапе има неверојатна понуда на маса од ПСЖ и 150 милиони евра за две години, затоа напаѓачот неодамна изјави дека размислува за останување во Париз.

Килијан Мбапе минатата недела ја отвори вратата за продолжување на престојот на „Паркот на принцовите“ и говореше за нови моменти во преговорите.

Новинарот Гиљем Балаге сега вели дека тие нови моменти се всушност неверојатна понуда од ПСЖ, „светците“ на маса ставиле 150 милиони евра за две години.

Гиљем Балаге исто така додава дека Килијан Мбапе сака да се пресели во Реал Мадрид, но бара „кралевите“ да му дадат повеќе пари. Секако, не очекува да го изедначат предлогот на ПСЖ, но да понудат повеќе од тоа што во моментов го нудат (плата од околу 30 милиони евра по сезона).

Потписниците на нотарските изјави дека нема да гласаат за измените на Уставот се подложни на промени за материјално благо.

 

повеќе

Здруженост, сплотеност и поврзаност на луѓе, друштва, организации и институции кон една заедничка цел или поради заедничка причина. 

повеќе

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе