Најавува две трасфер бомби

Првиот човек на Ла Лига: Реал Мадрид има пари да ги купи Мбапе и Халанд

Првиот човек на Ла Лига, Хавиер Тебас вели „кралевите" имаат доволно пари за да реализираат две трансфер бомби и да ги купат Килијан Мбапе и Ерлинг Халанд заедно.

Реал Мадрид во последните денови од преодниот рок тргна во офанзива по потписот на Килијан Мбапе, на маса беа ставени три понуди, последната вредна 200 милиони евра, но ПСЖ не сакаше да слушне за продажба.

Се говори дека „кралевите“ ќе го донесат Французинот следното лето, а се поврзуваат и со Ерлинг Халанд од Борусија Дортмунд.

„Реал Мадрид собра 200 милиони евра од продажба на играчи. Имаат пари да ги купат Мбапе и Халанд заедно. Не само што немаа загуби, успеаја да приберат огромни суми од продажба на играчи, па затоа можат да си дозволат вакви трансфери“ – вели Хавиер Тебас, кој во исто време го нападна ПСЖ.

„Она што не може да се разбере е како клуб кој има загуби од 400 милиони евра, си дозволува буџет за плати од 500 милиони евра, па уште и одбива богата понуда за Мбапе“.

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе

Грејната сезона заврши во месец април како и секоја година, но последнава беше со многу проблеми кои произлегоа од енергетската криза, од војната во Украина и генерално од светската економска криза.

повеќе