Големо засилување за клубот од Тетово

Прва Бразилка во Македонија: Роналдиња потпиша за Љуботен!

Женскиот фудбалски клуб Љуботен на социјалните мрежи се пофали дека ангажирале ново засилување, станува збор за 22 годишната Ана Беатриз Тарантино, која е позната како Роналдиња.

Ана Беатриз Тарантино ќе биде првата Бразилка во македонскиот женски фудбал. ЖФК Љуботен денеска на социјалните мрежи се пофали дека потпишале со 22-годишната фудбалерка која игра во нападот.

Популарната Роналдиња ќе го засили клубот од Тетово во јануарскиот преоден рок.

„Чест и задоволство ни е да ви ја претставиме првата Бразилска фудбалерка во Прва Македонска Фудбалска лига за жени Ана Беатриз Тарантино со уметничко име Роналдиња, која е поранешен член на Васко де Гама, и доскорешен член на ФФК Фордерланд од Австрија. Роналдиња ќе преставува капитално засилување во остварување на целта!“ – гласеше известувањето.

BOOM BOOM BOOM!!! Welcome, Добродојде, Bienvenida Beatriz Tarantino!!! Чест и задоволство ни е да ви ја претставиме...

Posted by ЖФК Љуботен - Тетово Официјална Страна on Friday, December 11, 2020

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе