Клубот сега чека насоки од здравствените власти

Прв случај на заразен во Калчото, италијански фудбалер позитивен на коронавирус

Медиумите од Италија пренесуваат за прв случај на коронавирус во Калчото, се работи за фудбалер на третолигашот Пјанезе, кој минатиот викенд имал настинка и температура и не настапил во знак на претпазливост.

Како што пренесува Газета дело Спорт, фудбалер на третолигашот Пјанезе е првиот случај на коронавирус во Калчото.

Минатиов викенд, тој имал симптоми на грип, во текот на ноќта сабота спрема недела кренал температура па во знак на претпазливост не настапил против резервниот тим на Јувентус.

Сепак, тој бил дел од експедицијата на Пјанезе која викендот го поминала во карантин во хотел и присуствувал на вечерата пред натпреварот, па откажен е денешниот тренинг и се чекаат насоки од здравствените власти.

Во меѓувреме, коронавирусот го исплаши и унгарскиот клуб Хонвед, кој привремено го отстрани тренерот Џузепе Санино и неговиот соработник Алесандро Реченти. Двајцата неодамна биле во Италија, и иако во моментов немаат никакви симптоми, наредено им е да бидат што подалеку од тимот додека не се направат сите тестови.

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе