Конференциска лига

Прв хет-трик во кариерата за Заниоло, Рома лесно се справи со Бодо/Глимт (ВИДЕО)

Рома со убедливи 4-0 го победи Бодо/Глимт и се пласираше во полуфиналето од Конференциската лига каде што ќе игра против Лестер, Николо Заниоло го постигна својот прв хет-трик во кариерата. 

Рома одигра натпревар на многу повисоко ниво отколку на претходните три против Бодо/Глимт, вечерва норвешкиот тим немаше никаква шанса против римската волчица.
 
Дека на Норвежаните не им се пишува добро најави Абрахам со гол уште во 5. минута од натпреварот за водство на Рома од 1-0.
 
А потоа почна шоуто на Николо Заниоло кој по две пропуштени шанси, првиот гол го даде во 23. минута, а шест минути подоцна погоди уште еднаш за убедливи 3-0. Резултат со кој заврши првото полувреме.
 
По четири минути игра во вториот дел Заниоло даде уште еден гол за негов прв хет-трик во кариерата и водство на Рома од 4-0.
 
Потоа Рома намали со нападите, ја смири играта и рутински го доведе мечот до крај.
 
Рома во полуфиналето ќе игра против Лестер кој претходно го победи ПСВ со 2-1 во Ајндховен.
 
Втората полуфинална двојка ја сочинуваат Марсеј и Феенорд.
 
Марсеј уште еднаш го победи ПАОК, овојпат со 1-0 во Солун и со вкупни 3-1 помина понатаму.
 
Феенорд со 3-1 ја победи Славија во Прага и со вкупни 6-4 се пласираше во полуфиналето.

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе