Леванте

Пропадна трансферот на Барди во Олимпијакос

Според „Мундо Депортиво“ пропаднал трансферот на Енис Барди од Леванте во Олимпијакос, македонскиот репрезентативец нема да се пресели во грчкиот клуб. 

Пред извесно време беше објавено дека Олимпијакос и Леванте постигнале договор за Барди за сума од три милиони евра плус 1,5 во бонуси. Се чекаше македонскиот фудбалер да се договори со клубот од Пиреа за трансферот да биде комплетиран. Тие му нудеа 700.000 евра годишно.
 
Сега, каталонскиот весник „Мундо Депортиво“ пишува дека преговорите пропаднале, не е постигнат договор. Медиумот не прецизира каде бил проблемот, дали Барди не се договорил со Олимпијакос или некој од клубовите во меѓувреме се предомислил.
 
Има уште еден месец од преодниот рок и толку време шанса Барди да направи трансфер и да не игра во следната сезона во втората шпанска лига.
 

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе