КРАЈ НА ЕДНА ЕРА

„Принцот од Рим“ оди во пензија по крајот на сезоната

Оваа сезона ќе биде последна за Франческо Тоти, иконата на „Римската Волчица" летоска ќе ги обеси копачките на ѕид

Крај на една ера за Рома, Франческо Тоти по 24 години поминати во првиот тим на „Римската Волчица“, летоска ќе замине во пензија.

Оваа вест попладнево ја соопшти новиот спортски директор Мончи. „Принцот од Рим“ во иднина ќе биде дел од управата на клубот.

„Уште пред јас да пристигнам тој се имаше договорено со клубот дека ова е неговата последна сезона и летоска ќе стане директор” – рече Мончи на денешната прес конференција.

„Франческо е Рома па ќе го замолам да бидам што поблиску до мене”.

„Дури и да научам само 1% од она што тој го знае, тоа е многу”.

Франческо Тоти дебитираше за „Римската Волчица“ во 1993 и има преку 600 натпревари во Серија А и скоро 800 во сите натпреварувања.

Дали Борисов ќе го негира својот претходник, поранешниот премиер, генерал Рачо Петров и ќе продолжи да инсистира на заедничка историја која официјална Бугарија упорно настојува да ни ја подметне.

повеќе

Не треба да паднеме во замката која не втурнува во спиралата на континуирано себепоништување.

повеќе

Инвестицијата за изградба на автопатиштата Штип-Миладиновци и Кичево-Охрид повеќе личи на наш подарок за Кинезите, отколку на вистинска инвестиција.

повеќе