Рекордното засилување на Вулвс има интересна животна приказна

Приказна на летото: Пред три години работеше во пекара, сега ќе игра во Премиерлигата!

Матеуш Нунеш оваа недела стана најскапото засилување во историјата на Вулверхемптон откако „волците" платија 50 милиони евра, фудбалерот од средниот ред до пред три години беше анонимен фудбалер кој работи во пекара.

Вулверхемптон редовно пазари во Португалија, последната аквизиција е 23 годишниот Матеуш Нунеш, кој стана најскапото засилување во историјата на клубот, „волците“ на Спортинг ќе му платат 45+5 милиони евра.

23 годишниот фудбалер од средниот ред има интересна животна приказна, роден е во фавела во Рио, и на 13 години со семејството се сели во Португалија. Започнува да игра фудбал во локалниот клуб Ерисеиренсе во шестата лига, за во 2018 да потпише за Есторил во втората лига.

Спортинг бил импресиониран од она што Матеуш Нунеш го прикажал на еден куп натпревар против нив, па плаќа 500.000 евра за 50% од неговата сопственост. Тој најпрво е дел од резервниот тим на клубот од Лисабон, а животот целосно му се менува кога Рубен Аморим во 2020 го прекомандува во првиот тим.

Пред да стане првотимец на Спортинг, Матеуш Нунеш работи и во семејната пекара, станувал секое утро во 5 часот и со велосипед одел на работа.

„Доаѓав наутро, тренинзите и натпреварите беа попладне. На нозе стоев пет или шест часа и потоа одев на тренинг, верувајте воопшто не беше лесно“ – раскажа Нунеш во емисијата која ја направи ТВ каналот на Спортинг.

„Немав возачка дозвола, па ќе станев во 5 часот наутро и со велосипед ќе одев на работа“.

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе