ФИФА

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино е позитивен на ковид-19

Коронавирусот влезе и во врвот на Светската куќа на фудбалот, претседателот Џани Инфантино доби позитивен тест на ковид-19. 

ФИФА соопшти дека Џани Инфантино има коронавирус, во самоизолација е каде ќе остане најмалку десет дена.
 
„Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино доби потврда денеска дека е тестиран позитивно на коронавирус. Претседателот на ФИФА кој пријави благи симптоми, веднаш е сместен во самоизлација и ќе остане во карантин најмалку десет дена. Сите луѓе кои биле во контакт со претседателот на ФИФА во изминатите неколку дена се информирани и ќе ги превземат неопходните чекори. ФИФА му посакува на претседателот Инфантино брзо опоравување“, се вели во соопштението на ФИФА.

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе