Серија А

Пресврт и шест гола на Сан Сиро, Милан тргна со победа (ВИДЕО)

Милан ја започна одбраната на Скудетото со победа од 4-2 над Удинезе, гостите поведоа по само 90 секунди, но „росонерите" покажаа од шампионската магија и на крајот се радуваа на три бода.

Милан тргна со победа во новата сезона во Серија А, „росонерите“ вечерва славеа против Удинезе со 4-2.

Гостите поведоа по само 90 секунди, но избраниците на Пиоли веднаш одговорија, и по 15 минути игра направија пресврт со головите не Ернандез и Ребиќ.

Пред крајот на првиот дел, Удинезе изедначи преку Масина и најави интересно второ полувреме.

Сепак, Милан се врати во предност веќе на стартот од продолжението на мечот, Диаз искористи една грешка на гостите и реализираше за 3-2 во 46. минута.

Победата беше осигурано во 68. минута, Ребиќ го постигна својот втор гол за 4-2.

На вториот натпревар од 18:30 часот, Аталанта со 0-2 победи на гостувањето кај Сампдорија.

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе

Шоковите кои се случуваат истовремено и распадот на меѓународната соработка го направија управувањето со кризи невозможно - барем со користење на стандардните алатки. 

повеќе

Oд Словото за академик Божин Павловски, 80 години од раѓањето и 60 години од неговото творештво.

повеќе