СП 2022

Познати се првите осминафинални двојки на Светското првенство

По вчерашните натпревари, познати се две од осумте осминафинални двојки на Светското првенство.

Светското првенство дојде до фазата во која веќе нема поправен, се игра третото коло од групната фаза кое ги креира осминафиналните парови.

Во групата А, Холандија со 2-0 дојде до очекуваниот триумф над Катар и го завери местото во нокаут фазата, а таму се пласира и Сенегал кој со 2-1 беше подобар од Еквадор. Сенегалците мораа да победат и го направија тоа.

Англија со 3-0 беше убедлива против Велс, а од оваа група понатаму оди и селекцијата на САД која со погодок на Пулишиќ го совлада Иран со 1-0.

Напреварите од овие две групи ги формираа и првите осминафинални парови. Холандија ќе игра против САД, а Англија со Сенегал.

Осминафинале распоред:

3. декември 16:00 Холандија - САД

4. декември 20:00 Англија - Сенегал

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе