Според италијанските медиуми

Постигнат е договор, Погба се враќа во Јувентус

Повеќе италијански медиуми пишуваат дека Пол Погба кој заминува од Манчестер јунајтед како слободен играч, постигнал договор со Јувентус и во следната сезона ќе го носи црно-белиот дрес. 

Договорот на Погба со Манчестер јунајтед официјално истекува на 30 јуни, пред неколку дена Јувентус го информирал англискиот клуб дека води преговори со Погба.
 
Според „Газета дело Спорт“, Јувентус и Погба постигнале договор и тој се враќа во клубот од Торино.
 
Се работи за тригодишен договор со плата од 10 милиони евра по сезона плус бонуси во зависност од перформансите.
 
Погба се поврзуваше и со ПСЖ, но изборот паднал на Јувентус.

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе