Светско првенство во атлетика

Поп Арсова заврши на 28. место во маратонот на Светското првенство во САД

Единствената македонска атлетичарка на Светското првенство во Орегон, САД, Адријана Поп Арсова денеска го имаше својот настап во дисциплината маратон.  

Арсова настапот го заврши на 28. место со време од 2:41:20 часа, што е за речиси шест минути послаб резултат од нејзиниот настап на маратонот во Копенгаген во јуни оваа година кога постави нов македонски рекорд со 2:35:29 часа.
 
Победничка на маратонот беше Готитом Гебресласе од Етиопија со нов рекорд на Светските првенства, 2:18:11.
 
Во оваа дисциплина на Светското првенство беа пријавени 41 натпреварувачка, а трката ја завршија 32. 
 

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе