Серија А

Погодокот на Роналдо не беше доволен, Барак му откина два бода на Јувентус (ВИДЕО)

Јувентус киксираше на Бентегоди, одигра само 1-1 против Верона и испушти два бода во трката за врвот на табелата во Серија А.

Верона се избори за реми против Јувентус. Избраниците на Јуриќ покажаа дека се во добра форма, особено на домашен терен, каде имаат три победи во низа по поразот од Интер во декември. Вечерва се вратија од гол негатива против шампионот и успеаја да стигнат до бод.

По едно мирно прво полувреме, резултатот беше отворен на стартот од вториот дел, Киеза го проигра Роналдо кој биеше прецизно по земја за 0-1.

Верона сепак не се предаде лесно и стигна до изедначување во 77. минута, Барак со глава ја затресе мрежата на Јувентус за 1-1.

Домаќините дури имаа и шанса за водство но Шчесни со помош на пречката го сочува својот гол.

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе

Вакцинирањето преку ред, слабата стратегија и лошата комуникација со јавноста ги обележаа првите месеци на вакцинирање во Хрватска која во моментов е близу дното на ЕУ во однос на процентот на вакцинирана популација. 

повеќе