Французинот бил блиску до преселба во лутиот ривал

Погба му кажал ДА на Сити но во последен момент се предомислил поради една причина

Како што пренесува Тајмс, Пол Погба му кажал ДА на Манчестер Сити но во последен момент се предомислил, Французинот се плашел од гневот на навивачите на Манчестер јунајтед и сметал дека тешко ќе може да живее во градот.

Пол Погба ги одработува последните месеци со „ѓаволите“ и е во потрага на нов клуб. Неодамна се појавија изненадувачки гласини за негова преселба во лутиот градски ривал Манчестер Сити.

Тајмс сега открива што точно се случувало, весникот пишува дека не се работело за обична шпекулација, преговорите помеѓу двете страни биле сериозни и Пол Погба во еден момент кажал ДА.

Французинот сепак на крајот се предомислил и се повлекол од зделката. Тајмс вели дека фудбалерот се плашел од гневот на навивачите на Манчестер јунајтед и сметал дека тешко ќе може да живее во градот доколку ја предаде црвената половина на Манчестер.

Со Манчестер Сити надвор од конкуренција, Јувентус е прв фаворит за потписот на Пол Погба, „старата дама“ ќе води битка со ПСЖ.

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе

Кој кого „мафлосува“, тие нас или ние нив. Чекор напред, три назад, како раковите во Охридското Езеро од моето детство кои исчезнаа во налетот на технолошкиот напредок и уништувањето на животната средина.

повеќе