Премиерлига

Подзаборавениот Фернандињо постигна гол по три години, Сити го победи Вест Хем (ВИДЕО)

Манчестер Сити се изедначи со Челси на врвот на табелата откако со 2-1 го сволада Вест Хем, подзаборавениот Фернандињо по три години постигна гол во Премиерлигата.

„Граѓаните“ продолжуваат да редат победи, вечерва избраниците на Пеп Гвардиола славеа против Вест Хем.

„Чеканите“ пружија силен отпор, но не можеа да го сопрат актуелниот шампион. Резултатот го отвори Гундоган, една топка случајно дојде до Германецот, кој од пет метри рутински реализираше за 1-0 во 33. минута.

Победата ја потврди подзаборавениот Фернандињо, Бразилецот влезе во финишот од мечот и прецизно биеше за 2-0. За него ова беше прв гол во Премиерлигата по октомври 2018 година.

Во последните мигови од мечот Ланцини само постигна почесен гол за Вест Хем и ги постави конените 2-1.

На останатите натпревари од 15 часот во Премиерлигата, Брентфорд со 1-0 го совлда Евертон, Лестер со 4-2 триумфираше против Вотфорд. Снегот го одложи дуелот помеѓу Барнли и Тотнем.

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе