Лига на шампиони

Почнува новата сезона од Лигата на шампионите, ПСЖ - Јувентус е дерби на денот

Почнува групната фаза од Лигата на шампионите, возбудувањата од најважното клупско натпреварување се на прагот, а прво дерби ќе биде дуелот меѓу ПСЖ и Јувентус.

Чекањето заврши, почнува новата сезона од Лигата на шампионите во која пехарот го брани Реал Мадрид.

Кралскиот клуб од Глазгов ја почнува одбраната на големиот трофеј, тимот на Карло Анчелоти му гостува на Селтик.

Дербито на вечерта се игра во Париз каде ПСЖ го пречекува Јувентус. Иако станува за дуел меѓу две големи екипи, парижаните се голем фаворит според прогнозерите. Причина за тоа е квалитетот во составот, но и големиот број на повреди со кој се соочува тимот на Алегри.

Два од денешните натпревари се играат од 18:45 часот, на Максимир кај Динамо Загреб гостува Челси, а Борусија Дортмунд ќе го пречека ФК Копенхаген.

Од 21 часот играат: Бенфика - Макаби Хаифа, Селтик - Реал Мадрид, ПСЖ - Јувентус, Лајпциг - Шахтар, Салцбург - Милан и Севиља - Манчестер Сити.

Утре има два големи дерби меча, и двата се во Италија, едниот е меѓу Интер и Баерн Минхен, а другиот меѓу Наполи и Ливерпул.

Утрешниот ден од 18:45 го отвораат Ајакс - Глазгов Ренџерс и Ајнтрахт Франкфурт - Спортинг Лисабон.

Од 21 часот играат: Атлетико Мадрид - Порто, Барселона - Викторија Плзен, Клуб Бриж - Баер Леверкузен, Интер - Баерн Минхен, Наполи - Ливерпул, Тотнем - Марсеј.

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе