Арегнтинските медиуми објавуваат дека аргентинската и светска фудбалска легенда, Диего Армандо Марадона, денеска починал од срцев удар.
Тој неодамна беше опериран, му беше ваден хематом од мозокот, но операцијата помина успешно, по што тој во добра состојба беше пуштен на домашна рехабилитација.
По операцијата, во домот на Марадона беше и неговиот личен доктор, под чиј надзор беше Аргентинецот.
Сепак денеска неговото срце престанало да бие и не успеале да го реанимираат.