Германскиот клуб потврди

По две години во Челси, Вернер се врати во Лајпциг (ВИДЕО)

По две години поминати во Челси, Тимо Вернер се врати во Лајпциг, тој стави потпис на договор до 2026 година. 

Лајпциг за сума од 20 милиони евра плус бонуси го врати Тимо Вернер.
 
„Рекордниот голгетер (95 гола за Лајпциг) се врати во тимот. Потпиша договор до 2026 година и ќе го носи дресот со број 11“, соопшти германскиот клуб.
Напаѓачот на социјалните мрежи објави писмо со кое се поздрави од навивачите на Челси.
 
„Драги сини, 
 
„Денеска завршува моето патување со Челси. Исклучително сум благодарен за времето поминато во овој посебен клуб“.
 
„Сега би сакал да ја изразам мојата почит кон соиграчите, тренерите и персоналот и особено кон вас, посебните навивачи на Челси. Чувствував многу љубов и поддршка во изминатите две години и никогаш нема да заборавам како бевте зад мене и во добрите периоди и во предизвикувачките“.
 
„Заедно кренавме трофеи како оној во Лигата на шампионите и секогаш ќе ја паметам песната која ја напишавте и пеевте за мене. Се надевам дека еден ден повторно ќе заиграм на Стемфорд Бриџ“.
 
„Се гледаме наскоро. Тимо“, стои во писмото.

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе