Барселона

Пике се понудил да игра бесплатно за Барселона

Според шпанските медиуми, Жерар Пике на состанок со Жоан Лапорта му рекол дека е подготвен да игра и бесплатно за да се реши проблемот со регистрација на новите засилувања во Барселона.

Пике оваа недела и официјално ќе потпише договор со променети услови според кои ќе добива помала плата, а колкава ќе биде таа се уште не се знае.

Соиред весникот „АС“, тој на состанок со Жоан Лапорта минатата недела се понудил да игра и бесплатно за само да се регистрираат новите засилувања.

Лапорта го ценел таквиот гест на Пике, нешто што не го направи Лео Меси пред една година кога се водеа преговори со Аргентинецот.

Сепак, Барселона не го прифатила предлогот на Пике, тој нема да игра беспари, но ќе игра за помала плата, а колкава ќе биде таа ќе биде утврдено наскоро кога ќе се направат сите пресметки и ќе се види потреба на клубот.

Во меѓувреме и Серхио Бускетс се сретнал со раководството на Барселона за намалување на својата плата.

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе

Шоковите кои се случуваат истовремено и распадот на меѓународната соработка го направија управувањето со кризи невозможно - барем со користење на стандардните алатки. 

повеќе

Oд Словото за академик Божин Павловски, 80 години од раѓањето и 60 години од неговото творештво.

повеќе