Барселона

Пике реши да ѝ помогне на Барса, прифати да игра за помала плата

Жерар Пике се договорил со Барселона да игра за помала плата, односно да се врати на примањата од пред да го потпише договорот до 2024 година. 

Пике беше еден од четворицата играчи на Барселона, покрај Тер Штеген, Ленгле и Френки де Јонг кои за време на кризата прифатија да играат за помала плата, но тоа што го загубија тогаш да им биде исплатено во овие две години.
 
Сега Пике станува единствениот кој се откажува од долгот кој Барселона му го должеше за претходното намалување на платата. Договорот на Пике со Барселона кој трае до 2024 година, се враќа на првичната негова сума.
 
За разлика од него Тер Штеген, Ленгле и Френки де Јонг не се откажуваат од тоа што им беше ветено.
 
Тоа е и главната причина поради која Барселона сака да го продаде Де Јонг, неговите големи плати со вкалкулирани долгови кои треба да ги добие од клубот.
 
Барселона дури и му се закани на Де Јонг дека може да го поништи тој договор кој е направен од поранешното раководство и дека ако не сака да си оди, ќе го даде на суд.

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе

Шоковите кои се случуваат истовремено и распадот на меѓународната соработка го направија управувањето со кризи невозможно - барем со користење на стандардните алатки. 

повеќе