Хрватот може да заврши во редовите на лутиот ривал

Перишиќ му даде два гола на Јувентус, па доби понуда од „старата дама“ каква што нема од Интер

Медиумите од Италија пренесуваат дека Јувентус на Иван Перишиќ му понудил годишна плата од 6 милиони евра, контактите со фудбалерот на Интер биле остварени по финалето од Купот на Италија кога Хрватот два пати ја тресеше мрежата на „старата дама".

Иван Перишиќ би можел да го замени Интер со вечниот ривал Јувентус. Неколку извори од Италија го сместуваат Хрватот на листата со желби на „старата дама“.

Се говори дека контактите биле остварени по финалето од Купот на Италија, кога Иван Перишиќ два пати ја тресеше мрежата на Јувентус и на Интер му го донесе трофејот.

Јувентус на маса ставил двегодишен договор и плата од 6 милиони евра, додека пак предлогот на Интер за продолжување на соработката е двегодишен договор и плата од 4,5 милиони евра по сезона.

Хрватот се уште нема одлучено, приоритет му дава на Интер, но „нероаѕурите“ ќе мора да ја зголемат понудата за да не дозволат фудбалерот да завриши во редовите на лутиот ривал.

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе